Даимлер: Гласините за излегување на Мерцедес се неосновани

Групацијата Даимлер која стои зад Мерцедес, ги отфрли гласините дека размислуваат да ја напуштат Формула 1 и да ја продадат својата екипа која освои шест последователни двојни титули во тркачката серија.

Во германските медиуми се шпекулира дека Лоренс Строл ќе го купи Мерцедес тимот во замена за дел од неговата компанија Астон Мартин, додека Тото Волф ќе го зголеми неговиот удел на повеќе од 30 проценти и ќе застане на чело на тимот на канадскиот милијардер.

Шпекулациите околу евентуално повлекување од Формула 1 се неосновани и неодговорни. Спортот превзеде мерки за да се обезбеди финансиска стабилност. Имаме јасни намери да продолжиме во Формула 1 како фабрички тим со нашиот партнер Тото Волф – гласи соопштението од Даимплер.

Ова не е прв пат да се зборува за врската помеѓу Мерцедес и Астон Мартин откако новиот шеф на Даимлер бара начин како да ги намали трошоците, а Тото Волф е близок пријател со Лоренс Строл. Во исто време се лимитираат буџетите што оди во прилог на шефот на Даимлер, додека Волф го зголемува влогот во Астон, а нов Главен извршен директор на Астон Мартин стана поранешниот шеф на АМГ одделот на Мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ