Даимлер наводно притиска силно за Фетел

Даимлер, компанијата сопственик на Мерцедес, наводно силно притиска да го донесе Себастијан Фетел во тимот за 2021 година.

Иднината на Фетел во моментов е најдискутирана тема во Формула 1 падокот, особено откако тој и Ферари потврдија дека ќе се разделат на крајот на 2020 година по шест сезони заедно.

Четирикратниот шампион беше поврзан со место во Мекларен, но истото му припадна на Даниел Рикардо. Мерцедес сеуште го немаат потврдено ниту еден од своите возачи за 2021 година, а Ботас и Хамилтон ќе бидат без договор на крајот на сезоната, но сеуште има надеж за неколкумина дека Фетел би можел да се приклучи на “сребрените стрели“.

Познатиот новинар, акредитиран од ФИА, Џулијано Дучеса, претпоставува дека во Мерцедес се игра интересно сценарио откако Фетел е слободен.

Одборот на директори на Даимлер силно притиска Фетел да се потпише за 2021 година – истакна Дичеса на твитер профилот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ