Дали Берни е нов сопственик на Вилијамс ?

Добро упатените новинари во случувањата околу Формула 1 сметаат дека Берни Еклстон е вмешан во превземањето на Формула 1 тимот на Вилијамс.

На почетокот од годината, откако Вилијамс објавија дека тимот е на продажба, Господин Е изјави дека исчезнувањето на историскта екипа би било огромна загуба на спортот.

се распрашувам наоколу за да најдам луѓе кои би можеле да се вклучат и да ја превземат екипата – најави тогаш берни.

Нови сопственици на Вилијамс се инвестицискиот фонд Дорилтон Капитал од Њу Јорк кои го превземаа Формула 1 тимот преку својата подружница БЦЕ Лимитед (BCE Limited). Ништо немаше да биде толку чудно доколку фински Ilta Sanomat не појасни дека вистинското име на Берни е Бернард Чарлс Еклстон (Bernard Charles Ecclestone).

тешко е да се најдат било какви информации за БЦЕ Лимитед – пишува финскиот весник.

По превземањето од страна на новите сопственици, се чини дека Клер Вилијамс ќе биде отстранета од челното место на тимот.

френк беше многу непосреден во менаџирањето на екипата, но за жал сегашниот менаџмент не е како него. тој ги завршуваше работите кога тоа беше потребно – изјви берни кога беше објавена веста дека тимот е на продажба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ