Дали се подготвува Заубер за партнерство со Рено?

Важните стратешки партнерства во Формула 1 се потпишуваат најмалку една година порано, а веќе се зборува за потенцијална соработка на Заубер со Рено од 2022 година. 

Алфа Ромео го продолжи договорот со Заубер до крајот на 2021 година, но очигледно е дека ова ќе им биде последна. Иако италијанскиот бренд има рекордна продажба во последниот квартал на 2020 година, сепак компанијата нема добри резултати во Европа иако нивните модели Стелвио и Џулија се рекламирани од Кими Раиконен и Антонио Џовинаци. 

Слабите бројки на продажба, стратешки гледано, не му гарантираат иднина на брендот Алфа Ромео откако автомобилските групации Фиат Крајслер и Пежо ПСА се споија. Прекинувањето на финансиската подршка на Алфа би значело крај на техничкото партнерство со Ферари за што нивниот шеф Фред Васур веќе почна да зборува. 

Имаме обврска со Ферари до крајот на 2021 година. Потоа треба да видиме што ќе имаме со нов договор бидејќи има нови болиди од 2022 година. 

Ферари одлучија да ја зголемат техничката соработка со Хаас оваа сезона поради ограничувањето на буџетите, а можеби и знак за иден прекин на соработката со Заубер.

Рено е очигледен партнер на швајцарскиот тим за 2022 година. Тоа е бидејќи тие се снабдувачи на мотори само на својот тим, Алпин Ф1, откако Мекларен ги замени со Мерцедес. Таа промена остава слободни мотори во фабриката во Вири кои си бараат нов дом. Второ е тоа што Васур е близок со својот претходен работодавач и можна е блиска соработка. 

За Алпин Ф1 тоа значи поголема комерцијална видливост и повеќе податоци од нивните мотори доколку се случи замрзнување на развојот на моторите од 2022 година. 

Доколку се случи промената кон Рено, Раиконен ќе замине во пензија, а Џовинаци, кој ќе ја нема подршката на Ферари ќе биде оставен “сам на себе“. Рено има голема програма за млади возачи и веќе се слушаат имињата на Жу, Лундгард и Пјастри како нови возачи во Формула 1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ