Д’Амброзио станува дел од менаџментот на Мерцедес ?

Поранешниот Формула 1 и Формула Е возач, Жером Д’Амброзио можно е да стане нов член на Мерцедес и се поврзува со можна менаџерска позиција Ф1 тимот. 

Тој беше шеф на Формула Е тимот Вентури кој заврши на втора позиција. Сега е дојден како пријател но не знам дали може да има нешто за него во иднина – изјави Тото Волф. 

Белгиецот може да се приклучи на тимот како замена за главниот стратег, Џејмс Воулс, кој замина од тимот и стана шеф на Вилијамс. Д’Амброзио претходно возеше за Марусија во 2011 година, а извозе и една трка за Лотус. Подоцна премна во Формула Е каде возеше од 2014 до 2020 година. Последните години ги помина како замена на Сузи Волф во Формула Е тимот Вентури пред да биде унапреден во шеф на тимот. Двајцата Волф и Д’Амброзио заминаа од тимот пред Масерати да го превземе. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ