Д’Амброзио ќе развива возачи за Мерцедес

Поранешниот шеф на Формула Е тим, Жером Д’Амброзио, се приклучи на Мерцедес Ф1 како шеф на програмата за млади возачи. 

Белгиецот, кој возеше за Марусија Вирџин во 2011 година и подоцна само една трка со Лотус, беше неколку пати виден во боксот на Мерцедес со Тото Волф. Конечно има официјална информација дека тој ќе биде новиот член на Мерцедес одговорен за развој на млади возачи. Во новата улога тој ќе треба да работи и со младите возачи на Мерцедес во другите категории. Покрај него ќе биде и Гвен Лагру кој е одговорен за развојната програма на Мерцедес и имаше клучна улога во развојот на Окон и Расел. 

Д’Амброзио беше фокусиран на Формула Е, но ја заврши кариерата во сезоната 2019/2020. Подоцна го водеше тимот Вентури кој заврши на втора позиција. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ