Дарувала станува јуниор на Ред Бул

Џехан Дарувала, Формула 3 победникот на трки си обезбеди Формула 2 кокпит во Карлин за претсојнава сезона, а во исто време стана и дел од Академијата за млади возачи на Ред Бул. Поранешниот штитеник на Форс Индија во Карлин ќе вози крај уште еден јуниор на Ред Бул, Јуки Цунода.

горд сум што сезонава ќе бидам јуниор на ред бул што ќе ми донесе поголем притисок, но и платформа за да се развојам, така што се ќе зависи од мене – смета дарувала.

Тој има искуство во Европската Формула 3 во 2017 година и 2018 година кога возеше токму за Карлин и победи на по една трка двете сезони. По спојувањето на Формула 3 и ГП3 тој возеше за Према лани, екипа која доминираше, а Дарувала се бореше за титула, но на крајот заврши на 3то место со поен зад Маркус Армстронг.

Ред Бул претходно објавија дека нивни возачи годинава ќе бидат јапонецот поддржан од Хонда, Цунода, потоа Супер Формула натпреварувачот Јури Випс, Формула 3 пилотите Лиам Лосон, Денис Харпер и Џек Дуа, како и младите Формула 4 возачи Џек Крафорд и Џони Едгар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ