Дарувала тестираше за Мекларен на Силверстон

Индиецот Јехан Дарувала се најде зад воланот на ланскиот Мекларен на тест на Силверстон. 

Тој е дел од програмата за млади возачи на Ред Бул, но сега доби дозвола да тестира за Мекларен за да се здобие со потребните километри на својата супер лиценца. Ова е прво искуство за индиецот позади воланот на Формула 1 болид. 

Завршивме со тестот пред неколку дена. Беше нереално искуство да возам Формула 1 болид за прв пат околу Силверстон. Им благодарам на сите што ми го овозможија ова, навистина се забавував и научив многу. – објасни јехан.

Дарувала ја вози третата сезона во Формула 2 и во моментов е на трета позиција. Тој заврши на пет подиума со четири втори места. Индија до сега имала два Формула 1 возачи во историјата и тоа Нараин Картикејан и Карун Чандхок. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ