Дводневниот викенд во Имола може да ни помогне, смета Гросжан

Роман Гросжан смета дека несигурноста која ја нуди дводневен тркачки викенд на патека која по долго време се враќа во календарот може да биде голема предност за Хаас на престојното Град При на Емилија Ромања.

Имола ќе биде местото каде ќе се вози втората од трите врзани трки, нешто што се случува за трет пат оваа сезона поради набиениот корона календар. Во Португалија американците се мачеа, но се надеваат дека патеката во Италија ќе одговара на нивниот болид на кој не донесоа нови делови годинава.

Во Петок нема да има активност на асфалтот на Имола, но во Сабота ќе има 90-минутна тренинг сесија во пресрет на квалификациите и сето тоа поради логистиката и потребното време целокупната орпема да се пренесе од Портимао во Сан Марино. По квалификациите во Португалија, Гросжан призна дека смета оти болидот на Хаас е најбавен на гридот.

повеќе нема да морам да ви кажувам работи кои не ги мислам затоа што нема да се тркам за тимот следната година и позитивно е тоа што можам слободно да зборувам.

несигурноста викендов ќе произлегува од помалку информации кои ги имаме за болидот што мислам дека е подобро за нас затоа што со 10-годишно искуство во Формула 1 можам да изненадам. сепак, повторно мислам дека сме најбавни во падокот – повтори французинот.

Единствено Даниил Квјат од АлфаТаури заврши зад болидите на Хаас на Алгарве во Португалија, но тој податок воопшто не го задоволува Гросжан.

квјат беше најбавен на трката, но вилијамс и алфа ромео беа побрзи од нас, а нашта борба е со тие екипи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ