Десет фантастични работи за првата Ф1 трка

Тринаесеттиот ден од Мај во 1950 година беше денот на случување на првата Формула 1 трка во историјата. Тогашните болиди за прв пат го видоа светлото на денот во Силверстон по што британскиот автодром стана дел од бесмртните. Во продолжение се 10 фантастични работи и неверојатни факти за првата Формула 1 трка.

  1. Трката имаше две имиња – Трката најпрво се викаше Европско Гранд При затоа што беше прва трка надвор од Франција или Италија, но поради местото на одржување, организаторите ја викаа Британско Гранд При
  2. Патеката почнуваше од Вудкот – Од 1952 година се до 2011 година, Вудкот е последна кривина на Силверстон, но на почетокот тоа беше прва кривина на патеката и прва кривина на Формула 1 болид.
  3. Комплетното Кралско семејство беше во публика – На денот на трката крај патеката имаше 120.000 гледачи,  меѓу нив секако најважен беше Неговото Кралско Височество Кралот Џорџ VI кој следеше трка заедно со Кралицата Елизабета и Принцезата Маргарет.
  4. Се тркаа и Тајландски Принц и Швајцарски Барон – Тајландскиот Принц Бирабонгсе Банудеџ Банубанд попознат како Принц Бира како и Баронот Емануел Туло де Гафенрид беа помеѓу учесниците.
  5. Презимирањата на тројцата фаворити за победа почнуваа со “Фа“ – Алфа Ромео 158 беше 13 години стар тркачки автомобил, но италијанците и нивните возачи беа фаворити. За тимот тогаш возеа Џузепе Нино Фарина, Луиџи Факиоли и Хуан Мануел Фанџо кои во тоа време беа познати како “тројцата Ефови“. Победи Фарина со 2,6 секунди пред Факиоли, но Парнели исто така на Алфа заврши пред Фанџо.
  6. Дивите животни премногу се доближија – Болидот на третопласираниот Парнели имаше многу среќа кога удри во зајак, а слична судбина имаа уште два автомобили на Алфа.
  7. Просечна возраст на возачите беше 39 години – Компаративно, просечната возраст на возачите кои требаше да се тркаат во Австралија е 26. Најстари на гридот во 1950 година беа Етанцелин (53), Факиоли (51) и Широк (50), додека британецот Кросли беше најмлад со 29 години.
  8. Џез музичар заврши на 11то место – Џони Клаес, познат џез музичар имаше успешна трка и финишираше 11ти со својот Талбот и 6 кругови заостаток зад победникот Фарина.
  9. БРМ го покажаа својот болид пред трка – Новиот и надежен британски конструктор имаше многу проблеми со својот В16 Тип 15 и иако го прикажаа пред трката извозеа само неколку кругови пред вистински да дебитираат следната сезона на истата трка.
  10. Стирлинг Мос заврши на 2ро место во споредната трка – Тој победи на Британското Гранд При во 1955 и 1957 година, но првата Гранд При трка имаше само 20 години и заврши на 2ро место на споредната трка која беше за возила со мотор до 500 кубни сантиметри.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ