Де Врис критичен кон себе: Можам многу подобро

Две трки во својата Формула 1 кариера со АлфаТаури, Ник де Врис смета дека има уште многу да научи откако заврши на Саудиското Гранд При на 14то место.

Холанѓанецот стартуваше од 18та позиција и заврши 4 места погоре и беше дел од доста битки на патеката, но смета дека не бил доволно силен на трката, особено за време на рестартот по повлекување на безбедносното возило.

лично не сум задоволен од моите перформанси и мојата работа на оваа трка, нити од рестартот по безбедносното возило. милсма дека не напаѓав доволно силно, бев претерано конзервативен. ми беше тешко да го средам балансот помешу менаџирање на гумите и притискање, а оваа патека не ми ни одговараше.

бев конзаервативен во првиот дел, загубив позиција, бев неподготвен да се држам во дрс возот и се најдв заглавен. треба долго време да се чека пред дрс возот да се раздели и да поченете да се тркае и да напаѓате, а јас таму не бев доволно добар.

на крајот од трката, во текот на последните 12 кругои го стигав жу и секој круг беше летечки и квалификациски. чувствував дека во тој сегмент ритамот беше пристоен и го стигав гуанју со секој следен круг, но кога ќе се доближев во 1,5 секунди од него, нечистиот воздух ме лизгаше насекаде. тоа покажува колку се битни тие стартови на трката каде треба да се надоместат позиции и да се дојде до добро место – анализира де врис.

Јапонецот Тсунода, инаку колега на де Врис, надомести повеќе позиции за време на безбедносното возило, така што Ник смета дека треба да учи во тој дел.

мислам дека надомести пвоеќе од мене, мислам дека беше 9ти, така што подобар беше. но, тоа е во ред, тоа е дел од тркањето и не сум сигурен дали во вистинско време ја направи вистинската работа. јас гледам за себе и тие стартови и рестартови морам да ги подобрам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ