Де Врис: Макс ми е како брат

Ник де Врис откри дека има силна врска и одличен однос со двократниот првак, Макс Верстапен и дека тој му е како брат.

Ник ќе има Формула 1 деби следната сезона во болидот на АлфаТаури крај Јуки Тсунода и сето тоа по одличното деби за Вилијамс на Монца кога го менуваше Александер Албон. По импресивното 9то место на првото стапнување во болидот од Груов, тој го заинтересиа доктор Хелмут Марко, откако претходно Макс му посочил да го контактира.

макс и јас се познаваме од многу мали, пораснавме во картинг во исто време иако никогаш не сме се тркале директно еден против друг. прв пат кога всушност се тркавме еден против друг беше монца лани и некако бевме еден крај друг на гридот што беше неверојатно.

имаме фантстичен однос, пораснавме заедно на патеките со нашите татковци кои беа силно вклучени во нашите картинг кариери низ европа и поради сето тоа имаме огромна почит еден кон друг. од иста земја сме, зборуваме исти јазик и одлично се согласуваме.

и поркај тоа што јас сум постар, го чувствувам макс како мој постар брат во формула 1 падокот со сите негови постигнувања и искуство – посочи ник.

Де Врис ќе го замени Пјер Гасли во АлфаТаури годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ