Де Врис не возеше на Т3 поради проблеми со моторот

Новиот возач на АлфаТаури, холанѓанецот Ник де Врис, не се појави на патеката во последниот тренинг пред квалификациите во Саудиска Арабија поради проблем со моторот.

Тимот воочил проблем со моторот во пресрет на едночасовната тренинг сесија и како последица од тоа се решиле експресно да го променат агрегатот за да бидат подготвени за квалификациите.

Холанѓанецот нема искуство од Џеда Корниш патеката, ова е прва трка за него таму, а петочните сесии ги заврши со 17то време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ