Де Врис не е претерано загрижен за шпекулациите околу неговата иднина

Холандскиот Формула 1 дебитант, Ник де Врис, изјави дека не е шокиран што ги слуша шпекулациите дека може да биде отпуштен АлфаТаури откако често грешеше и немаше добри перформанси од почетокот на оваа сезона.

Формула 2 и Формула Е првакот е на дното во шампионатот за возачи и заедно со другиот овогодишен дебитант, Логан сарџент, се единствените двајца без освоен поен до сега. Медиумите ја искористија посетата на Даниел Рикардо на Фаенца да шпекулираат со него како можна замена за де Врис, а доктор Хелмут Марко посочи дека возачот има жолт картон и не многу време да се докаже.

Во пресрет на тркачкиот викенд во Монако, холанѓанецот се осврна на шпекулациите за неговата идина во спортот и призна дека не бил шокиран кога ги чул.

се чувствувам безбеден во моето место и гласините не беа шок за мене, нормално е во оваа индустрија, секогаш било така во ред бул и во формула 1. искрено верувам дека не е поинаку од било кога.

секогаш мора да сте на врвно ниво, секогаш мора да испорачувате, мојата цела кариера е базирана на тоа. како возач секогаш се борите да преживеете и треба да донесете резултати за успешно да ја придвижите кариерата кона напред, нормално е, така било секогаш – посочи де врис.

Холанѓанецот дополни дека се обидува да ги остави пишувањата на страна, но пораките доаѓаат до него. Во однос на притисокот, тој смета дека огромната публика која го следи спортот е виновна за големото внимание кон АлфаТаури.

искрено верувам дека не сум под поголем притисок одошто некогаш порано, всушност, единствена разлика во формула 1 што има многу повеќе врева околу вас особено кога заостанувате повеќе, шпекулациите се силни. тоа е веројатно најголемата разлика споредено со други серии, но работата е иста и секогаш се бараат резултати.

Тој имаше чести судари на првите пет трки од сезоната, се судри на квалификациите во Азербејџан и се повлече од трката, а имаше контакт со Норис на последниот настан во Мајами. Сепак, возачот ги признава грешките.

дефинитивно мислам дека направив премногу грешки и тоа го признавам. исто така верувам дека ритамот на моменти ни е силен и охрабрен сум поради тоа, но не успевам да одработам совршена трка до крај и тоа ме ограничува, а не брзината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ