Де Врис се чувствува како прв ден во училиште

Ник де Врис вели дека доживува чувство на прв училишен ден на почетокот на неговата Формула 1 кариера и покрај огромното искуство во трките.

Де Врис беше потпишан за тимски колега на Јуки Тсунода во АлфаТаури за сезоната во 2023 година, откако импресионираше за време на еднократното возење со Вилијамс во Италија минатата година. И покрај тоа што е класифициран како дебитант во Ф1, Де Врис има искуство во различни категории на моторспорт во последните неколку години.

Откако се проби низ помладите рангови и го освои шампионатот во Формула 2 во 2019 година, Де Врис премина во Формула Е, каде што ја освои и титулата. Имаше возења и во светскиот шампионат во издржливост, во кој беше победник на трка во ЛМП2 класата и на европскиот Ле Ман.

Холанѓанецот, исто така, имаше улога во тимот на Мерцедес неколку години, обезбедувајќи му увид во секојдневните операции на тимот во најпопуларната категорија во мотоспортот. Иако 28-годишниот возач има многу искуство во моторспортот, тој вели дека интегрирањето во светот на Ф1 сè уште се чувствува релативно ново за него.

Во однос на работата со тимот и мојата подготовка за трките, би рекол дека не е многу далеку од она на што бев навикнат во однос на професионалните трки – рече Де Врис.

Но сепак, кога ќе поминете низ искуството за прв пат, тоа е малку поинак, и треба да се прилагодите и одеднаш сè, сè уште се чувствува како прв ден на училиште.

Се разбира дека сум веќе некое време во трките, па знам што да очекувам, а барем знам како функционираат и работат тимовите. Но, тогаш кога всушност ќе поминам низ процесот, секогаш е малку поинаку.

Де Врис заврши на 14то место на неговите први две трки за АлфаТаури, при што тимот е само еден од двата тима, покрај Мекларен, кои немаат освоено поени досега во 2023 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ