Де Врис си најде менаџер

За својата прва сезона во Формула 1 и за прв пат во својата моторспорт кариера, холанѓанецот Ник де Врис си најде менаџер кој ќе се грижи за него откако стана дел од АлфаТаури, а довербата ја доби французинот Гуилам Ле Гоф.

Ле Гоф не е непознаница во падокот затоа што е поранешен инженер на АРТ Гранд При тимот, а се грижи и за интересите на Пјер Гасли, човекот кого токму де Врис го замени во малата екипа од Фаенца.

која пјер гасли и јас бевме колеги во формула рено 2.0, гуилам беше инженер во арт и беше одговорен за симулаторот. минувавме многу време заедно во тој период затоа што го развивавме симулаторот заедно – објасни де врис за холандски моторспорт.

Двајцата останале во близок контакт и кога Ник станал дел од младинскиот погон на Мекларен.

Гуилам се пресели во англија за да работи во автомобилскиот оддел на мекларен и често се среќававме додека јас бев дел од нивната академија. кога и да бев во вокинг, ќе му се јавев и ќе се дрижевме.

Де Врис призна дека имање менаџер ќе му ја олесни работата која доаѓа со тоа да се биде Гранд При тркачки возач како и сето она што треба да го направи.

барав некој на кој можам да му верувам и некој кој добро го познавам. дополнително, не сакам менаџер кој ќе дава ијави и ќе биде нонстоп до мене. за мене односот помеѓу мене и екипата е клучен.

гуилам нема да се меша во тој дел, но ќе ми помага со многу работи во позадина. ако нешто научив минатите 2-3 неели е дека одеднаш имам многу пријатели за кои никогаш претходно не сум чул. сите ми нудат се и сешто и сите сакаат да бидат дел од мојата успешна приказна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ