Де Врис со победа стана Формула 2 првак

Ник де Врис беше крунисан за шампион во Формула 2 за 2019 година, откако стигна до победа на спринт трката во Сочи.

Холанѓанецот ќе стане првиот шампион од втората најдобра тркачка серија кој не преминал во Формула 1 веднаш по титулата, откако потпиша договор со Мерцедес да се трка покрај Стофел Вандорн во Формула Е.

Иако уште 4 возачи под Де Врис во пласманот имаа матемачичка шанса за победа, холанѓанецот беше најблиску до титулата откако освои пол позиција во петочната сесија за кој доби и 4 поени во пласманот.

Во трката тој имаше целосна контрола, преку одлично менаџирање на пневматиците. Најблискиот ривал, Николас Латифи, не успеа да се доближи до Де Врис, но сепак заврши на второ место.

Луи Делетраз се пласираше на трето место, откако Лука Гњото имаше проблем со пневматиците кои драстично се деградираа во последниот круг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ