Де Мео бара борба за титула до 2026

Главниот извршен директор на Рено, Лука де Мео, бара од тимот на Алпин да дојде во позиција да се бори за титула до 2026 година.

Алпин немаат многу добра втора сезона откако се ребрендираа, а Фернандо Алонсо веќе потврди дека следната година ќе вози за Астон Мартин. Екипата го замени со Пјер Гасли откако нивниот штитеник Оскар Пиастри одби да вози за нив и потпиша за Мекларен.

нашето присуство во формула 1 ни дозволи да ја засилиме препознатливоста на брендот низ светот. во франција алпин е претерано многу популарен токму поради формула 1 и на тој начин собираме педигре за во иднина – објасни де мео.

Пред две години кога фабричкиот Рено се ребрендираше во Алпин, де Мео сави јасно до знаење дека тимот е скапа играчка за компанијата и дека од него се очекува огромна промоција.

се си има своја цена. минатите две години работите се променија, не само во компанијата туку и општо. во моментов спортот е во подем, тркачката серија е врвна, а се повеќе производители влеуваат. нашата екипа има голема вредност со самиот факт што е во вакво друштво и се надеваме дека ќе бидеме кандидати за најдобар пласман во 2026 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ