Дизни снима документарец за Браун ГП

Во моментов се снима документарец за сензационалната сезона во 2009 година за Формула тимот Браун ГП, сопственост на Рос Браун

Браун ГП доцна влезе во Формула 1 откако се повлече Хонда, превземајќи ја нивната екипа, но и покрај доцните подготовки тимот имаше најбрз болид кој ги изненади сите. 

Имаа осум победи и Џенсон Батон ја освои титулата. Конструкторската титула им припадна ним поради дополнителните поени од вториот возач Рубенс Баричело. 

Наредната година тимот беше продаден на Мерцедес и започна доминацијата на германците. На твитер, Џенсон Батон го најави снимањето на документарецот во четири епизоди. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ