Директорите за трка позитивни на Ковид

Трката во Мајами има нов проблем откако двајцата директори за трка, Фреитас и Витич, се позитивни на корона вирус. 

Првата трка во Мајами ќе се вози на 6 Мај и една недела пред неа двајцата директори се позитивни. Новинарот Крег Слејтер ги објави вестите. 

Не би сакал да кажам дека има проблем во Мајами, но сепак дознав дека двајцата директори за трка, Едуардо Фреитас и Нилс Витич, се позитивни на Ковид. Разбрав дека биле позитивни оваа недела и можеби нема да имаат негативен тест до патувањето во Америка.

Сега треба потврда од ФИА и чекаме да видиме што ќе се случи. Ова е највисокиот орган на ФИА кој досега бил позитивен на Ковид. Проблемот е што тие се двајцата директори и немаат замена.

Слејтер објасни дека нема алтернативи за таа улога и мора брзо да се реши тоа. 

Мора да појасниме дека Маси не е реална алтернатива. Тој е во Австралија и не е на стенд бај. Има неколку британски алтернативи како Херби Блаш, кој беше заменик на Чарли Вајтинг. Тука е и Колин Хејвуд кој треба да излезе од пензија, но не ја вршел оваа функција до сега. Скот Елкинс и Стив Нилсен се можни опции, но сепак останува да видиме. Ова е нова главоболка за трката и организаторите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ