Дисквалификацијата од Јапонија нема да влијае врз иднината на Рено

Сирил Абитебул верува дека дисквалификацијата од Јапонското Гранд При на Сузука нема да влијае врз решението за иднината на Рено во Формула 1. Во овој период се прави ревизија на работата на Рено вклучувајќи и делот за Формула 1.

Овој процес се случува во исто време со исчекувањето на првата верзија на правилата за 2021 година.

Мое мислење е дека ова нема да има удел врз одлуката за продолжување по 2020 година. Независно дали има позитивни или негативни вести ние продолжуваме со фокус на тркањето.

Сторијата за топ 5 конструкторите помеѓу Рејсинг Поинт и Рено во Сузука нема да направи притисок врз долготрајната стратегија на Рено во спортот.

Во моторспортот сме 42 години и верувам дека има позитивен маркетинг успех врз брендот. Единствена работа е што ние сакаме да развиваме иновативни решенија за Формула 1 и да ги кориситме. Треба тоа да се земе во предвид. Не велам дека фокусот на тој елемент ќе ја донесе одлуката дали ќе продолжиме или не, но сепак иднина ќе имаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ