Добротворната аукција на ФИА привлече огромни пари

Кацига и облека донирана од Дејмон Хил беше еден од најинтересните предмети на добротворната аукција која ФИА ја одржува под името ‘Race Against Covid’ и ќе заврши оваа недела.

Предмети донирани од возачите, екипите и луѓе вклучени во моторспортот е продавана преку аукциската куќа RM Sotheby’s со цел да се приберат средства за Црвениот крст и Црвената полумесечина откако ФИА претходно донираше 1 милион евра за двете организации како помош во борбата против пандемијата.

Дејмон Хил лично донираше своја кацига и облека кои ги носел на Австралиското Гранд При во 1995 година, трка на која победи и истите беа продадени за неверојани 33 илјади фунти. Исто така, предметите од Хамилтон, Верстапен и Леклер привлекоа огромни наддавања, а тркачка облека, ракавици и патики на Луис од лани достигнаа 26 илјади фунти.

Облеката на Шарл Леклер од Белгија лани, неговата прва победа во кариерата достигна 25 илјади фунти, додека предметите на Верстапен беа купени за 2 илјади фунти помалку. Тркачкиот костим на Себастијан Фетел заедно со страничен дел од задно крило беа продадени за 19 илјади фунти, додека облеките на Нандо и Кими “отидоа“ за 13 илјади фунти односно 12 илјади фунти.

Многу редок тркачки костим од Есекс Лотус од 1980 година дониран од Најџел Мансел, облека која ја користел на својата прва трка, беше проддена за 12 илјади фунти.

Највисока цена постигна Мекларен МП4-24 макета од 2015 година, но со шари од МП4-31 и истата беше продадена за 55 илјади фунти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ