Договорот на Макс бил многу брзо потпишан

Менаџерот на Макс Верстапен откри дека новиот договор на возачот со Формула 1 тимот на Ред Бул бил многу брзо договорен и потпишан.

Медиумите пренесуваат дека платата на возачот ќе биде зголемена два до три пати, но најважно за Милтон Кинс е што шпекулациите за трансфер на возачот во Мерцедес или Ферари завршуваат.

макс, јос и јас многу брзо се договоривме дека нов договор е најдобар избор за сите. во бразил ги имавме првите разговори околу тоа со доктор хелмут марко, а потоа беше процес. имавме неколку разговори помеѓу себе во врска со кусорочната и долгорочната визија – откри рејмонд вермулен, менаџерот на макс за холандски Formule 1.

Клучни во преговорите биле јапонците од Хонда, а во договорот има клаузула за напуштање на тимот од Милтон Кинс доколку Хонда се реши да се откаже од Формула 1 по 2021 година.

имаме огромна верба во развојот на хонда. мислиме дека имаме незавршена работа со ред бул и со хонда. ред бул ни помогна да влеземе во формула 1 и имаме одлично комерцијално партнерство со нив, но најважно е да се победува. макс се чувствува одлично во тимот – дополни менаџерот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ