Договорот на Маса и Ферари бил тајна

Фелипе Маса ја откри својата приказна за тоа како стапил во контакт со ФЕрари. Бразилецот за малку ќе им донесеше титула на италијанците во 2008 година, но се случи познатиот дуел Хаилтон – Глок по кој британецот го освои својот прв наслов.

во иста година ја освоив италијанската и европската формула рено 2.0 и могу луѓе сакаа да потпишат договор со мене, а еден од нив ми среди да имам состанок со ферари.

она што во тој момент не го знаев е дека тие ги имаат сите податоци за мене и ми рекоа дека сакаат да станам дел од нивната академија, но тоа да остане тајна – се присетува бразилецот.

Тој потпиша осумгодишен договор со Маранело, а за тоа смеело да знае само неговото семејство, што било тешко да се премолчи.

потоа возев за заубер кои имаа мотори на ферари и во еден момент добив повик од ферари откако тие решиле да возам за нив и од 2006 година возев ферари. тоа беше исполнување на сонот за мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ