Доктор Марко се “отвори“: Ни фали Рикардо

Доктор Хелмут Марко повтори дека е задоволен од својот возачки тандем составен од Макс Верстапен и Александер Албон, но призна дека му недостасува ведриот Даниел Рикардо.

беше шок за сите во тимот кога објави дека ќе мине во рено – се присетува доктор марко.

По заминувањето на австралијанецот во Енстоун, тимот се мачеше да го пополни неговото место, Пјер Галси не ги исполни очекувањата, додека Алекс Албон доби шанса и испорача.

Медиумите почнаа да шпекулират дека Рикардо може да замине од Рено на крајот на 2020 година.

алекс е одличен. дојде во екипата без никаков тест на болидот и завршуваше во поени на секоја трка освен во бразил каде беше удрен од хамилтон. самокритичен е и знае каде може да се подобри што е многу позитивно за возач. се надеваме дека ќе биде достоен противник на верстапен годинава.

Сепак, Хелмут признава дека му фали присуството на Рикардо во екипата.

атмосферата во тимот е добра, но не е толку весела како кога кај нас беше рикардо. тој во исто време е еден од најбрзите возачи и може да биде совршен кога е тоа потребно. секако дека и неговите шеги многу ни недостигаат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ