Документарецот ‘Lucky’ за Берни ќе го гледаме во Декември

Документарецот во осум делови по името ‘Lucky’ посветен на Берни Еклстон, а снимен од наградуваниот со БАФТА процудент Маниш Панди, ќе излезе во Декември.

Продукцијата на документарецот откри дека ќе се раскажува приказната за успехот на Берни на чело на спортот и истиот се снимаше додека траеше пандемијата. Неодамна компанијата на Панди успешно ја продаде серијата на стриминг сервиси со идејата на Еклстон да создде спорт рамен на светско фудбалско првенство или Олимписки игри.

Според вебсајтот Deadline, спортскиот стриминг сервис DAZN ги купил правата за Јапонија, Германија, Австрија, Швајцарија, Шпанија и Италија, додека Discovery+ ги обезбедиле правата за Велика Британија и Ирска. ESPN LatAm, сопственост на Disney, ги купиле правата и ќе го прикажуваат документарецот на Star+ и ЕСПН, а за останатите земји сеуште не се знае.

Еклстон почна како менаџер на возачи, а потоа стана споственик на екипа за на крајот да застане на чело на спортот и да направи империја од Формула 1 откако 40 години ја предводеше тркачката серија и ја претвори во глобален феномен. Тој е тркач во срце, одлучувачка фигура во падокот, човек на кој се должи многу од модерната Формула 1 и кој го предводеше спортот се до купувањето на Либерти Медиа.

Во својата изјава за Deadline, господин Е посочи дека за разлика од документарецот на Бетфликс, оваа серија е базирана на вистина и нема глума и претерување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ