Доменикали: Алонсо може да му помогне на Саинз

Поранешниот тимски шеф на Ферари, Стефано Доменикали, смета дека Фернандо Алонсо може да му помогне на Саинз при транзицијата во Скудерија.

Саинз ќе биде возач на Ферари од следната сезона откако набрзина беше потврдено дека Фетел си заминува на крајот на 2020 година. 

Доменикали смета дека добриот пријател и сонародник на Саинз, Алонсо, може да биде вреден додаток додека тој се подготвува за својот трансфер следната година.

Мислам дека во овој период Алонсо ќе му помогне во неговата адаптација. Фернандо и Карлос се многу блиски пријатели и мислам дека тој и неговиот татко ќе му го пренесат искуството. 

Конекцијата помеѓу Ферари и Шпанија е нешто многу важно. Прво со Фернандо, потоа со Карлос Саинз. Ова е нова можност за шпански возач да биде шампион со Ферари. Карлос е многу силен на патеката и ментално. Кога сте син на светски шампион и кога ќе пристигнете во Формула 1 мора да бидете многу добри.

Ќе биде важно да се подготви многу добро оваа година за да се справи со притисокот на Ферари – вели главниот извршен директор на ламборџини.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ