Доменикали барал од Луис да му се јави на Макс

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, го убедил Луис Хамилтон да му се јави на Макс Верстапен по силниот судар на Силверстон.

му се јавив на макс за да проверам дали е добро и да му кажам дека од моја страна почит сеуште има. јасно е дека можеби почитта не е взаемна, но тоа е тоа – откри луис во пресрет на трката на хунгароринг.

Според реномираниот холандски новинар Олав Мол, Стефано Доменикали побарал од Луис да му се јави на холанѓанецот.

доманикали е вклучен во целиот процес од самиот момент на сударот. му се јави на јос, разговараше на таа тема по 5-6 часови дневно. бараше од јос да му каже дали хамилтон му се јавил, а тие му одговараа дека сеуште не.

потоа доменикали рече дека ќе му се јави на хамилтон и ќе му пренесе дека мора да му се јави на макс – откри мол.

Борбата за овогодинешниот наслов стана многу интензивна за вклучените страни.

видовме какви објави имаше од страна на двете екипи, дури и фиа имаше свои коментари. тие најавија дека биле загрижени од пораките и протестот на ред бул.

многу луѓе се подготвени за летната пауза и по паузата следуваат три трки, потоа една недела одмор и повторно три трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ