Доменикали бара од возачите да ја гледаат големата слика

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали. ги предупреди возачите да не ги критикуваат промените во спортот. 

Формула 1 направи нов концепт на спринт викенд со двојни квалификации. Но, актуелниот шампион, Макс Верстапен, ги критикуваше промените и побара нивно укинување. Тој е најгласниот критичар за промените со воведувањето на спринт трките. 

Доменикали ги потсетува возачите дека промените се за подобрување на бизнисот во целина. 

Не сакам општество во кое луѓето не може да кажат што сакаат, Но возачите мора да се потсетат дека мора да ја следат големата слика и да не бидат себични. Тие се дел од спортот и бизнисот и тој расте повеќе од што мислат.

Понекогаш може да не се во комфорт зона, но не треба да се мрзливи. Ги ревидираме сите работи околу спринтот и имаме само шест трки. Не дека се случува секој викенд, Но имаме нова публика и мора да обезбедиме забава за парите – објасни шефот на тркачката серија.

Верстапен предупреди дека експериментите за зголемување на календарот не вредат ништо за него, но сепак, Доменикали не верува дека тој ќе го напушти спортот. 

Тој сака да се трка и го сака тоа што го прави. Тој е шампион кој се бори за трета титула. Роден е во болид и ќе остане подолго од мене. Тоа не е проблем. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ