Доменикали: Германија се откажа од трка

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, е незадоволен од официјалните лица во Германија поради фактот што се откажалие од Гранд При трка во земјата.

Не толку одамна, земјата имаше две трки на календарот, една во Хокенхајм, друга на Нирбургринг, но Доменикали откри дека во моментов Голема награда на Германија сака само тој.

ако во моментов некој притиска и вистински сака гранд при во германија сум јас. не гледам претставници во гермија кои преговараат со нас и имаат конструктивни предлози – откри италијанецот за Der Spiegel.

Себастијан Фетел веќе потврди повлекување од спортот догодина, а ниту Мик Шумахер нема обезбедено кокпит за следната година. Рејтингот на телевизискиот пренос во Германија исто така се намалува, а шефовите на најдобрите два автодроми велаг дека едноставно не може да дозволат да платат котизација на трката.

знаеме дека вредноста на трка во европа е различна одошто во друг дел на светот. ако сакате пикасо, мора да бидете подготвени да платите за тоа.

Тој е сигурен дека Гранд При трка во земја со толку многу фанови може да биде заснована на одличен бизнис модел.

јас сум секогаш широко отворен за разговори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ