Доменикали го поздрави договорот на Астон Мартин и Хонда

По најавата дека Хонда ќе соработува со Астон Мартин од 2026 година, следствено ќе има шест производители на Формула 1 гридот. 

Главниот извршен директор на тркачката серија, Стефано Доменикали, го поздрави партнерството на Астон Мартин со Хонда кое е доказ за атрактивноста на спортот и привлекувањето на големите производители на автомобили. 

Ова се одлични вести за Формула 1 дека Хонда ќе биде партнер на Астон Мартин од 2026 година. Тоа е уште еден доказ за растот на брендот и големиот потенцијал ако се знае дека одиме на одржливи горива од 2026 година и доказ за вистинскиот пристап кој го нудиме за намалување на загадувањето. Тука е и неверојатната подршка од Астон Мартин и едвај чекаме да го видиме партнерство во акција – возбуден е италијанецот.

Објавата значи дека покрај Мерцедес, Ферари, Рено и Ауди, официјално ќе се приклучи и Хонда со Форд кој ќе соработува со Ред Бул. Сеуште се разгледува и можноста на Џенерал Моторс да влезе со Кадилак доколку Андрети се приклучи на гридот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ