Доменикали искрен: Не знам ништо за договорот на Хамилтон

Новиот шеф на Формула 1, италијанецот Стефано Доменикали, призна дека не знае ништо околу несигурноста на продолжувањето на соработката помеѓу седумкратниот првак, Луис Хамилтон и Мерцедес.

Шпекулациите околу иднината на Луис продолжуваат, а преговоите се “влечкаат“ многу долго време. Тото Волф не пропушта да каже дека нема ништо спорно и дека потписот е само прашање на време, но официјалнизирање на соработката сеуште нема.

Доменикали откри дека разговарал неодмна со Хамилтон, нема никакви инсајдерско информации околу плановите на британецот.

разговаравме около божиќ, се подготвуваше и тренираше, но не ми откри ништо околу тоа дали ќе потпише нов договор со мерцедес – изјави доменикали за Sky Sport Italia.

Стефано е свесен дека Хамилтон има шанса да стане најдобар возач во историјата на спортот, но и потврди дека со неговата работа надвор од патеката многу придонесува.

тој има можност да продолжи да игра важна улога надвор од спортските димензии на серјата и ќе може да го прави тоа во иднина. но, тој е првак кој пишува историја, неговите постигнувања се невројатни.

убеден сум како заинтересирана страна дека се ќе се реши многу брзо помеѓу хамилтон и тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ