Доменикали: Лесно е да се отфрлат новите идеи

Според Главниот извршен директор на Формула 1, предлогот за спринт трки на три тркачки викенди со цел привлекување поголем интерес за спортот вреди да се проба. 

Минатата година имаше идеја за обратен стартен грид, но таа беше отфрлена од тимовите и сега ќе се пробува само со спринт трки. Идејата е да има три спринт трки и тоа во Канада, Италија и Бразил. 

Планот е во Петок да има квалификации за саботната спринт трка, а резултатот од истата да го одреди стартниот поредок за главната трка во Недела. Во исто време се заговара и да се доделуваат поени за топ 8 возачите и тоа половина од тие во Недела. 

Наша работа е да најдеме начин да го подобриме спортот во однос на интерес и комерцијална евалуација. Добри вести се што сите се сложуваат со промените за да ја постигнеме целта.

Лесно е да кажеш не на промените, Но мора да направиш анализа и да се осигураш дека има добра забава секој викенд.

Спринт трките се различен начин на квалификации, а веќе имаме добра трка. Ќе ги средиме деталите во наредните недели.

Сакаме да пробаме со три трки и на крајот ќе разговараме со тимовите и возачите, Но мислам дека треба транспарентен пристап. Желбата и можноста да се направи ново нешто е од голема помош за Формула 1 – смета доменикали.

Италијанецот верува дека серијата на Нетфликс “Drive to survive“ е доказ дека може да се успее. 

Нетфликс е нешто што сите не го прифатија на почетокот, Но подоцна го сфатија бенефитот. Го добивме вниманието на тие кои не се фанови на Формула 1 и кои сега се заинтересирани за спортот. Мислам дека треба да се развие и нова платформа со која би ги прикажале нашите содржини на нови фанови. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ