Доменикали: Мајами може да замени европска трка догодина

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, најави дека е можно трка во Европа следната година да отпадне и на сметка на тоа да се одржи новото Гранд При во Мајами.

Спортот за прв пат во својата историја ќе биде гостин во најголемиот град на Флорида во трка околу Хард Рок Стадионот, дом на НФЛ екипата Мајами Долфинс.

мислам дека е можно да се отстрани европска трка затоа што мораме да бидеме реални дека календарот треба да се смести во 52 недели во текот на годината.

добро е што интересот е огромен и тоа ќе ни овозможи да создаваме уникатни настани со голема вредност. ќе ги помешаме стратешките потреби на формула 1 за да создадеме трки на одреден места, а ќе се враќаме и на историските патеки кои се заштитен знак на формула 1. тоа е убавината на фактот што имаме многу можности пред нас – изјави доменикали.

Италијанецот најави дека трката ќе се одржи во втората половина од сезонта, така што нема да биде по Канадското Гранд При кое традиционално е во Мај или Јуни.

две трки во америка значи дека нашата стратегија е во правилна насока за во иднина. настаните ќе ги држиме одвоени за да им дадеме време и место и на двата организатори што мислам дека е клучно.

секогаш велиме дека америка е многу важен пазар за нас кој ќе ни дозволи да го развиваме бизнисот. иам могу можности, горди сме на формула 1 во моментов по минатата сезона која беше огромен предизвик, но преживеавме и поставивме силни темели за неверојатна иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ