Доменикали: Монако ќе биде тридневен настан од следната година

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, потврди дека трката во Монако ќе се одржи како и сите други трки и викендот ќе трае од Петок до Недела од наредната сезона.

Монако традиционално траеше четири дена во кои петокот беше пауза за одмор и беше дозволен сообраќај низ Кнежевството. Но, со промените на плановите на Формула 1 за календарот за наредната година, се чини дека и Монако ќе се промени.

Со додавањето на трката во Мајами, Шпанија и Монако ќе се возат едно по друго и потребна е промена поради логистички причини.

Монако ќе биде како и сите други трки, петок, сабота и недела. Тоа е промена од наредната година – потврди доменикали.

За време на интервјуто, италијанецот потенцираше дека повторно ќе има календар со 23 трки како што беше првиот план за оваа година. Тој го најави враќањето на трката во Франција и планот да се заврши сезоната порано од планираното за оваа година и тоа на 12 Декември во Абу Даби.

Планот е да имаме 23 трки. Ќе го објавиме календарот за наредната година на 15 октомври. До тогаш ќе се знае се.

Формула 1 сеуште треба да го финализира договорот за оваа сезона бидејќи има празно место за 21 Ноември. Промената на форматот на три трки во спринт може да се зголеми наредната година.

Тоа е дополнително, но сеуште чекаме новости. Интересот и подготовките на тимовите се тешки поради непредвидливоста на трките и ситуацијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ