Доменикали навестува поголеми трошоци за нови тимови

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, најави дека ќе се зголемат трошоците за влез на новите тимови. 

ФИА даде шанса за влез на нови тимови во Февруари, но сеуште се разгледуваат тимовите кои аплицирале. Во моментов се бара новиот тим да плати 200 милиони долари кои треба да се поделат помеѓу постоечките 10 екипи. Оваа сума треба да ја намали загубата која евентуално би ја имале тимови при делење на наградата. Но, веќе се спомнува зголемување на таа сума и тоа до можни 600 милиони долари. 

Процесот за нов тим во Формула 1 започна во ФИА. Според нашиот договор, има можност за тоа, Но веќе ги разгледуваме можностите од техничка, спортска и финансиска перспектива. Но има и уште една позиција.

Пред неколку години се воведе и влезната сума, Но во тоа време не очекувавме толку да порасне интересот. Сега ситуацијата е различна. Наша должност е да го заштитиме бизнисот кој расте – посочи италијанецот.

Иако веќе се знае дека Андрети Кадилак се конкуренти, сепак Доменикали навести дека има повеќе тимови кои се јавиле. 

има доста екипи, некои се погласни некои се потивки, но има интерес. Мора да се направи евалуација. Ние сме дел од процесот и најважно е тоа да се направи во вистинско време. 

Извршниот директор на Либерти Медиа, Грег Мафеи, го поддржа Доменикали и смета дека вредноста на тимовите пораснала. 

Околу сумата од 200 милиони долари, Манор беше 11ти тим, но Кога ја купивме Формула 1 во 2016 година тимот отиде во стечај и беше продаден за 1 фунта. Светот драматично се промени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ