Доменикали најави 24 трки догодина

Главниот извршен директор на Формула 1, италијанецот Стефано Доменикали, најави дека календарот во спортот следната година ќе има дури 24 трки, повеќе од било кога и максимумот дозволен според потпишаниот Конкорд договорот.

Но, италијанецот вети дека зголемениот обем на работа ќе биде компензиран со подобра организација и намалување на патувањето што ќе му помогне на спортот да постигне што помалку емисии на штетни гасови на што долго се цели. 

сакаме да имаме добар тек во однос на ефикасноста на трките низ светот. новиот календар ќе се објави во октомври, а очекувањето е дека трките низ светот како и до сега ќе бидат од март до ноември.

побарувачката за формула 1 е огромна и не можеме да кажеме ништо повеќе од ова затоа што календарот и домаќините на трки се финализираат. секако дека ќе имаме повеќе трки одошто претходно, но знаеме дека имаме и максимален број дозволени настани – објасни стефано на конференција на либерти медиа викендов.

Сезонава требаше да има 23 настани, но Руското Гранд При беше откажано по инвазијата на Русија над Украин, Формула 1 се реши да не воведува заменска трка, така што сезоната ќе има 22 трки. Освен зголемувањето на бројот на трките, она на што падокот и фановите реагираат е шпекулациите околу отстранување на некои од легендарните патеки на спортот, во прв ред белгиска Спа Франкошамп.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ