Доменикали: На новите фанови не им смета доминацијата на Ред Бул

Стефано Доменикали, Главниот извршен директор на Формула 1, посочи дека на новите фанови на тркачката серија не им смета доминацијата на Ред Бул на првите трки оваа сезона. 

Според него, сеуште е прерано да се суди за доминација бидејќи сезоната тукушто започна и се очекува силна конкуренција и изненадувања. 

Најпрво, доколку некој тим е побрз од останатите, треба да му се честита бидејќи завршиле одлична работа. Должноста на ФИА како регулатор е да се осигура дека се е според правилата.

Доколку ги видиме останатите, ќе видиме дека се преблиску и сигурни сме дека се почитува буџетот и ситуацијата еволуира. Но, од друга страна мислам дека има нови пазари и нова публика. Новите фанови не ги интересира доминацијата.

За нас е најважно да се осигураме дека се дел од екосистемот. Новите пазари се интересни и брзо растат, така да овој фактор не е важен – вели италијанецот.

Доменикали смета дека наскоро ќе се промени ситуацијата бидејќи Ред Бул има казна поради надминнување на буџетот. 

Сигурно на првите трки видовме дека Ред Бул е многу конкурентен, Но другите ќе го стигнат. Мора да го видиме ефектот на казната и скратеното време во воздушен тунел. Шампионатот е долг и очекуваме изненадувања на крајот. 

Грег Мафеи, главниот на Либерти Медиа, очекува силна конкуренција на патеката. 

Историјата на Формула 1 и тимовите кои сум ги видел е дека Ред Бул сега е водечки, а претходно Мерцедес имаше долга серија, Но очекувам многу престасувања и мислам дека статистички до сега видовме најмногу престасувања. Има возбуда на патеката и како што кажа Стефано, чекаме да видиме како ќе се одвива годинава. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ