Доменикали незадоволен од агресивниот пристап на Андрети

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, ги притикуваше Андрети Глобал за агресивниот јавен пристап кој го користат за да станат дел од Формула 1 гридот.

Шефот на спортот појасни дека тактиката на американците не е паметна и она што вели дека екипите се алчни и себични.

јас би постапил поиаку – посочи доменикали во врска со она шт оандрети го прави за да стане дел од гридот.

Во Јануари, Андрети Глобал официјално објавија дека имаат намера да влезат во Формула 1 со поддршка од гигантот Џенерал Моторс и нивниот бренд Кадилак откако цела мината сезона напорно работеа за да станат дел од гридот.

Претседатеот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, е еден од најголемите поддржувачи на идејата на Андрети, а Федерацијата и официјално отвори постапка за проценка на можностите на нови екипи да станат дел од гридот.

прво, ние сме добредојдени за сите кои носат вредност во тркањето и во нашата тркачка серија. мислам дека треба да се почитуваат сите. има екипи како онаа на мајкл и марио андрети кои се јавно многу гласни за својата желба да станат дел од формула 1, но сметам дека нивните изјави дека екипите од гридот се себични и алчни е лоша.

има и други кои се многу потивки во врска со нивните намери за влез во формула 1, така што постои постапка која треба да се почитува и мораме да се осигураме во тоа.

ФИА официјално ја отвори постапката за разгледување на заинтересираните страни за да може да се идентификуваат потенцијални нови екипи, најрано од 2025 година, а освен Андреди, се повеќе се споемнува и Пантера Азија.

ако постојат сите елементи, екипите се добредојдени на гридот. има многу различни аспекти кои се разгледуваат, но не смееме да претераме да го притискаме системот. процесот сериозно ќе биде разгледуван, така што небитно е дали некој е вокален или не во врска со својата намера.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ