Доменикали: Новите правила секако дека ќе го збијат гридот

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, нема сомнеж дека новите правила воведени оваа година по некое време ќе го збијат гридот и покрај тоа што во оваа прва сезона доминира Ред Бул.

Новите правила беа првенствено насочени кон подобрување на тркањето и давање на поголема шанса за успех на помалите екипи односно намалување на разликите помешу најсилните и најбавните. Ова треба да се постигне како комбинација од буџетско ограничување и аеродинамички хендикеп систем кој ќе им дозволи пвоеќе време за развој на побавните.

Првата година од новата регулатива донесе доста големи разлики помеѓу екипите и силна доминација на Ред Бул годинава, иако Ферари на почетокот се покажаа како најсилни, но заостанаа. Сепак, Доменикали не е претерано загрижен и смета дека же биде потребно време за екипипте да ги разберат новите правила и за гридот да стане конкурентен.

јасно е дека со оглед на момеенталната ситуација во шампионатот, нема да видиме финале како лани во абу даби, но и покрај ова, сите трки до крајот се распродадени. верувам дека од технички гледна точка важно е да се разбере колку перформансите може да се променат во еден момент откако новите правила ќе се востановат.

исто така мора д асе види колку точно перформанси за директна последица од болидите, а колку се препишуваат на издржливоста и менаџирањето со проблемите. треба добра анализа за да видиме што ја предизвика големата разлика помеѓу лидерите и останатите. ако го погледнеме поредокот, гледаме дека зад лидерите имаше блиска борба во минатото.

верувам дека следните неколку години правилата дополнително ќе го намалат заостатокот помешу екипите и гридот ќе биде погуст – смета италијанскиот шеф на спортот.

Буџетското ограничување е средиштето на надежта на Формула 1 за компактен поредок, така што Доменикали знае колку е важно ФИА соодвено да ги следи. Оние кои наоѓаат начин да ги заобиколат правилата не смее да добијат предност.

ограничувањето на трошењето е клучно и мораме да бидеме сигурни дека супервизијата ќе биде согласно финансиските правила и ќе обезбеди фер натрпевар. знам дека фиа работи напорно и тоа е важен чекор затоа што треба да се осигураме дека екипите трошат исто на развој на болидите, се мора да биде проверетено и верификувано.

ова е централна тема во следните месеци за да се осигура кредибилноста на правилата кои се на сила.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ