Доменикали потврди дека Ф1 нема да има повеќе од 24 трки

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, потврди дека бројот на трки во серијата нема да биде поголем од максимално предвидентеи 24 за 2023 година.

Во падокот во Абу Даби на последната трка од сезоната како и тестот кој следуваше, имаше многу изморени лица по 22 одработени трки сезонава, а следната година се очекува премиерата на Лас Вегас и конечното враќање на Кина во календарот.

Календар со 24 трки е најдолг во историјата на спортот, а иако се најавуваат и нови настани, Доменикали уверува дека тоа е лимитот.

само небото е лимит, но секако дека тоа е шега. лимитот е 24те трки од следната година, тоа е оптимум со оглед на енормниот раст кој го бележиме насекаде низ светот. повеќе трки не може – објасни доменикали.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ