Главниот извршен директор на Ламборџини и поранешен шеф на Скудерија Ферари, Стефано Доменикали, повторно ги отфрли шпекулациите кои ја поврзуваа компанијата со влез во Формула 1.
Компанијата која е поседувана од Фолксваген групацијата се поврзуваше со влез во врвот на моторспортот, но италијанецот повторно демантираше дека постои интерес.
тоа не е проект кој го имаме зацртано пред нас. за нас тоа бара преголеми инвестиции кои не сме во можност да ги направиме – потврди доменикали за италијански Corriere dello Sport.
Тој потенцираше дека разликата помеѓу компанијата со која раководи во моментов и неговиот поранешен работодавец од Маранело е таа што Скудерија се родени како теркачка екипа, додека Ламборџини како производител на автомобили.
насочени сме кон засилување и зацврстување на платформите во моторспортот кои во моментов ги имаме и постигнување на поголеми успеси за повраток на инвестицијата.
Доменикали е прв човек на Ламборџини од 2016 година.