Доменикали станува шеф на Ф1 наместо Кери ?

Поранешниот шеф на Скудерија Ферари, а сегашен Главен извршен директор на Ламборџини, Стефано Доменикали, можно е да стане нов прв човек на Формула 1, на местото на Чејс Кери, во пресрет на следната тркачка сезона.

Реномираниот Motorsport.com ја потврдува оваа вест дека 55-годишниот италијанец ќе го предводи спортот во иднина, а промената ќе се случи по крајот на оваа тркачка сезона.

Иако договорот сеуште не е потпишан и официјална потврда од американски Либерти Медиа нема, сепак, Motorsport.com пишува дека екипите во Вторник биле информирани дека серијата добива нов шеф. Кери ќе остане во тркачката серија, но на друга позиција.

Доменикали беше шеф на Скудерија од 2008 година до 2014 година откако претходно, односно од 1998 година ја иамше улогата на спортски директор во Маранело. Имаше многу важна улога при освојувањето на 6те последователни шампионски титули во ерата на Шумахер.

Откако во Април 2014 година даде отказ во Ферари, се приклучи на Ауди и стана Подпретседател за деловни иницијативи пред да направи трансфер во сестринскиот бренд Ламборџини во 2016 година како Главен извршен директор. За време на директорувањето со италијанскиот бренд, тој си ја задржа позицијата како Претседател на комисијата за едноседи во ФИА, позиција која ја има од 2014 година.

Чејс Кери е прв човек на Формула 1 откако американски Либерти Медиа ја превземаа тркачката серија во 2016 година, иако зделката официјално беше потврдена во Јануари 2017 година кога Кери стана шеф на местото на Берни Еклстон. Во времето на Чејс, екипите го потпишаа новиот Конкорд договор, а во календарот беше вратено Холандското Гранд При, како и трка во Виетнам.

Со Доменикали се комплетира постава од Ферари на чело на Формула 1 откако Рос Браун е спортски и оперативен шеф на тркачката серија, додека Жан Тод е прв човек на ФИА од 2010 година.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ