Доменикали убеден во 8ма титула за Луис

Стефано Доменикали, Главниот извршен директор на Формула 1, смета дека Луис Хамилтон има огромна шанса да ја освои својата рекордна 8ма шампионска титула, но годинава ќе му биде потешко од порано.

Британецот е во серија од четири последователни титули, има вкупно седум и е на ниво на Михаел Шумахер со исто толку. Сепак, Бахреинското Гранд При на почеток на сезоната покажа дека ќе му биде тешко оваа година да се избори за насловот поради одличниот Макс Верстапен и силниот Ред Бул.

сигурен сум дека хамилтон ќе стигне до 8ма титула, иако сум свесен дена кенам да биде лесно поради тоа што нема доминантен болид и мора да биде целосно концентриран и да вози совршено. конкуренцијата секако дека нема да му олесни.

макс верстапен е гладен за својата прва титула и има се што е потребно за да ја освои истата – вели доменикали.

Многумина добри познавачи на приликите во спортот сметаат дека доколку британецот стигна до 8та титула сезонава, ќе ја напушти Формула 1. Самиот возач не пропушта да спомене дека има интереси надвор од Формула 1.

луис е многу вцажен за формула 1 пред се затоа што има огромен предизвик пред себе, да стане првиот и единствен со осум освоени шампионски титули и треба целосно да се фокусира и посвети на тоа. секако дека е активно и силно вклучен во борбата против расизмот и за еднаквостите.

клучно е да се чувствува добро и удобно во формула 1 затоа што тој припаѓа тука и фановите на спортот го сакаат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ