Доменикали: Ферари докажаа дека Ф1 е над се

Поранешниот тимски шеф на Ферари и сегашен Главен извршен директор на Ламборџини, Стефано Доменикали, верува дека Скудерија покажала и докажала дека се жртвува за иднината, благосостојбата и одржливоста на спортот.

Откако постои спортот постои и прашањето дали Формула 1 му треба на Ферари или пак Ферари и треба на Формула 1, нешто што деновиве се потврди со взаемен договор откако ФИА објави дека буџетското ограничување за следната година ќе биде намалено на 145 милиони долари по едногласна одлука на сите екипи.

Во своето последно интервју, Матиа Биното изјави несогласување со толку мал бует и најави дека компанијата ќе ги ревидира своите тркачки активности, сакајќи да најави дека слободните ресурси ќе ги насочи во други тркачки серии.

од она што јас можам да го видам ферари покажа дека ставија се настрана за доброто на формула 1. не се само тие во прашање туку и целата организација треба драстично да намали со трошењето, нешто што не е лесно да се постигне.

не смееме да заборавиме дека ферари, слично како и мерцедес, имаат структура која работи не само шасија како тркачка екипа, туку произведува и мотор. колку што јас можам да разберам, тие нашле начин да ги намалат трошоците, нешто што е клуно во моментов.

мислам дека не само ферари, туку и мерцедес и ред бул, покажаа дека нема никаква алтернатива освен да се намали со огромното трошење во тркачката серија. ситуацијата е многу сложена и се надеваме дека годинава безболно ќе се мине затоа што е многу критична.

она она што јас го гледам, либерти медиа и фиа прават неверојатна работа за да се осигураат дека спортот ќе ја преживее оваа бура – изјави доменикали за Sky F1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ