Доменикали: Филмот на Бред Пит ќе биде доста нападен

Стефано Доменикали, шефот на Формула 1, призна дека продукцијата на новиот филм за Формула 1 на Бред Пит ќе биде доста нападна во текот на тркачките викенди оваа сезона. 

Сеуште неименуваниот филм ќе биде направен од тимот кој стои зад Топ Ган Маверик, а Луис Хамилтон ќе биде консултант и продуцент. Бред Пит, Џери Брукхаимер и режисерот Џозеф Козински се сретнаа со шефовите на тимовите во Остин и разговорите продолжија и понатака. 

Тоа ќе биде различен начин да се покаже што правиме. Започнавме соработка со Нетфликс и сите викаа што прават овие не им е местото таму, Но ја имаме моќта да покаже што работиме и да се промовира спортот. Друга алатка е филмот и снимањето започнува на Силверстон наскоро – откри италијанецот. 

Грег Мафеи од Либерти Медиа појасни дека не може да се потпрат на Нетфликс и мора да превземат други чекори. 

Симпсонови одеше 20 години, но некои други серии не беа толку долго. Drive to Survive е одлична, но не може да се потпреме на тоа. Мора да ја промениме играта затоа што Има и други социјални медиуми како Инстаграм и Тикток. Drive to Survive привлече голема публика, Но мислам дека филмот ќе биде друго ниво. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ