Доменикали: Формула 1 нема намера да ги замолчи возачите

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, инсистира на тоа дека спортот не ги замолчува возачите да зборуваат за лични и политички прашања.

Неговиот коментар доаѓа во време на забрана за неодобрени политички, лични и религиозни изјави од ФИА, што беше наведено во ажурираната верзија на меѓународниот спортски кодекс на ФИА. Прашањето беше осудено од возачите како Макс Верстапен и Валтери Ботас, додека Александар Албон призна дека постои загриженост низ гридот за ова прашање.

Но зборувајќи за британски Guardian, Доменикали тврди дека спортот ќе ги поддржи возачите да го задржат правото да зборуваат за теми блиски за нив.

Ф1 никогаш нема никому да му замери. Секој сака да разговара за да има платформа да каже што сака на вистински начин, така е подобро.

Имаме огромна можност поради положбата на нашиот спорт кој е се повеќе глобален, мултикултурен и со повеќе вредности.

Зборуваме за 20 возачи, 10 екипи и многу спонзори, тие имаат различни идеи, различни погледи. Не можам да кажам дека еден е во право, еден не е, но правилно е, доколку е потребно, да им се даде платформа да разговараат за нивните мислења на отворен начин.

Ние нема да го промениме тој пристап како спорт. Тоа треба да биде линијата на нашиот спорт, да им дадеме на сите шанса да зборуваат на вистински начин, не со агресивни тонови или да навредуваат, туку со почит.

ФИА и нејзиниот претседател Мохамед Бен Сулајем се подложени на воведување на регулативата, но сепак Доменикали верува дека наскоро ќе се појасни за правилото.

Зборуваме за регулатива, а регулатор е ФИА. Верувам дека ФИА ќе го разјасни она што е наведено, во однос на почитување на одредени места каде што не можете да го направите тоа.

Сигурен сум дека ФИА ќе го дели истиот став како Ф1, но тие се дел од олимписка федерација, така што има протоколи до кои треба да се придржуваат.

Доменикали додаде дека Ф1 е во доследна комуникација со возачите за да бидат информирани за ова прашање.

Продолжуваме да ја следиме ситуацијата. Ги информираме возачите, се среќаваме со Здруженијата на Гранд При возачи за да разговараме за тоа.

Можеме да им дозволиме на возачите да бидат отворени како луѓе во нашиот спорт. Спортистите можат да бидат многу емотивни и страсни за некои работи и за тоа треба конструктивно да разговараат со луѓето на кои им веруваат.

Имав дискусија со возачите за ова минатата година за тоа како Ф1 би можела да биде платформа, да се фокусираме на одредени работи за кои веруваме дека е правилно да се зборува.

Ф1 треба да им помогне на возачите доколку сакаат да разговараат за одредени теми. Важно е да се води многу конструктивен дијалог. Ако ова не се случи, може да создаде или конфузија или проблеми каде што не мора да има проблеми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ