Доменикали: Ф1 во Вегас ќе биде поголем настан од Супербол

Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали, вели дека Големата Награда на Лас Вегас ќе има поголемо економско влијание врз градот од Суперболот на НФЛ што ќе се одржи во Невада во 2024 година.

Воведната трка во Лас Вегас ќе се одржи на 18 Ноември годинава, при што спортот има тригодишен договор со главниот град на коцкањето во светот. Сепак, Формула 1 веќе се обврза долгорочно со Вегас, откако купи значајно парче земја во близина на познатиот градски Стрип за да го смести својот комплекс за падокот и угостителство.

Претходно оваа недела, Доменикали имаше говор на настанот Преглед на Лас Вегас, годишниот настан на кој локалните лидери разговараат за економската иднина на градот, а италијанецот понуди одреден увид во економското влијание на Ф1 врз регионот, што ќе биде годишна работа, спротивно на Супербол што ќе се одржи за прв пат во Лас Вегас во 2024 година.

СуперБол ќе биде една година, но ние ќе останеме многу подолго – рече Доменикали.

Ќе имаме континуирано влијание овде во градот и ќе ја одбележиме не само неделата на настанот, туку ќе ја одбележиме Формула 1 во Вегас како место каде што ќе го развиваме спортот.

Иако изградбата на патеката за трката во Ноември следната година се одвива нормално, Доменикали предупреди дека работата најверојатно ќе продолжи до деновите пред инагуративниот настан.

Ќе има многу работи кои ќе бидат готови во последен момент. Тоа е дел од играт, Но тука има неверојатна професионалност што ја најдовме во заедницата што работи со нас.

Резидентните архитекти на Формула 1, Херман и Карстен Тилке, признаа дека поставувањето на уличната патека во Лас Вегас без да се наруши животот околу низата хотели во Син Сити е најголемиот предизвик со кој се соочуваат познатите дизајнери на патеки. Поставувањето на уличната патека од 6,12 километри и 14 кривини во срцето на центарот на Лас Вегас беше на хартија релативно лесна задача.

Но, оживувањето на местото додека поминува покрај иконските локации како хотелите Палата Цезар, Белаџио и Венецијан, без да се прекине протокот на посетители до и од тие знаменитости е застрашувачка задача.

Изградбата на зградата на падокот е во полн ек – рече извршниот директор на трката во Лас Вегас, Рене Вилм.

Времињата за изградба и поставување ќе се разликуваат во секоја зона во зависност од инсталацијата, но ние навистина сериозно ќе започнеме со изградбата веќе во Јуни.

Имаме планови за мостови за возила, пешачки патеки, деловни пристапни точки и многу тесно соработуваме со метрото и противпожарните служби за да се осигураме дека го ублажуваме сообраќајот и работиме со нашите локални партнери за да се обидеме да ги ублажиме непријатностите.

Знаеме дека ќе биде тежок, предизвикувачки сообраќаен викенд, но мислиме дека вредноста што му ја носиме на градот и искуството што го создаваме ќе го надмине факторот на непријатности.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ