Доменикали: Ф1 не може да се меша во доминацијата на Ред Бул

Ред Бул е неприкосновен во првите пет трки од новата сезона, што предизвикува стравувања дека популарноста на спортот би можела да стагнира.

Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, инсистира на тоа дека хиерархијата на спортот не може да интервенира за да се запре доминацијата на Ред Бул. Екипата од Милтон Кинс допрва треба да биде победена во годинава, а Макс Верстапен и Серхио Перез се доминантни во однос на ривалите во првите пет трки од 2023.

Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, беше најблиску до Ред Бул на Големата Награда на Мајами, но ја заврши трката со 26 секунди заостанување зад победникот и лидер во шампионатот Верстапен, кој минатата година ја обезбеди својата втора титула со 146 поени предност пред Шарл Леклер од Ферари.

Леснотијата за победа на Ред Бул во раните фази на сезоната се заканува да го попречи растот на популарноста на Формула 1, стекнат во голема мера преку документарната серија на Нетфликс, Drive to Survive, како и воодушевувачката битка за титулата меѓу Верстапен и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон во 2021 година.

Говорејќи на настан организиран од Financial Times, Доменикали беше категоричен дека Ф1 не може да се вмеша за да ја ограничи доминацијата на Ред Бул, ставајќи го товарот за изедначување на перформансите на финансиските регулативи на спортот.

Оваа година треба да ја истакнеме вистината, а тоа е Ред Бул направи подобра работа од другите, тоа е факт, Но би бил непромислен ако кажам дека првенството е завршено – изјави Доменикали.

Не можеме да интервенираме во настапот на тимовите. Сигурен сум дека она што го направивме во однос на финансиските регулативи ќе помогне да се минимизира разликата на техничката страна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ