Дорнбос: Верстапен е Меси во моторспортот

Поранешниот Формула 1 возач, Роберт Дорнбос, го спореди својот сонародник Макс Верстапен со анргенцинскиот фудбалер на Барселона, Лионел Меси.

Дорнбос има 11 Гранд При стартови за Минарди и Ред Бул и е само еден од 16те холанѓани кои успеале да стигнат до Формула 1 поради што е доста почитуван аналитичар на Ziggo Sports.

макс верстапен е меси во моторспортот. еднаш во деценијата се појавува супер талент како макс, некој кој од мади години се гледа дека е посебен – изјави дорнбос за магазнот Gassan.

Како директен резултат од големиот успех на Макс Верстапен во својата Формула 1 кариера, холанѓаните се ангажираа и повторно добија организација на Гранд При трка која сеонава прв пат по 1985 година ќе се најде во календрот. Своевремено, Германија поради Михаел Шумахер доби втора трка под името Европско Гранд При кое се возеше во Нирбургринг, а потоа истото, но поради Фернандо Алонсо, се пресели во Валенсија по што Шпанија имаше две трки во календрот.

Секако дека Макс се надева да победи на својата домашна трка уште годинава. Зандворт има некои бавни делови, но силата на моторот е клучна на долгите правци, а и Дорнбос не ја отпишува екипата од Милтон Кинс.

ако мислите дека нешто е невозможно, макс тоа го може. тоа го докажал дека може да биде над способностите на болидот. и да нема ред бул доволно моќ споредено со ферари и мерцедес, тој има шанса за победа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ